Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје
, преку Секторот за основна дејност и развој на библиотеката, на 16 и 17 септември 2025година, организира специјализиран курс на тема „Обработка на античките цивилизации“.
🔊 Предавач на курсот е г-ѓа Соња Сволјшак од Националната библиотека на Словенија
истакнат експерт со долгогодишно искуство во областа.
Организирањето на овој курс претставува значаен чекор во напредокот на библиотекарите во Македонија, со посебен акцент на професионалната обука и зајакнувањето на стручните компетенции на библиотекарите.
Со оваа активност, НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје го потврдува своето место како централна институција во развојот и поддршката на библиотечната мрежа, како и во промовирањето на современи практики и меѓународна соработка во библиотечниот сектор.


