Во рамките на годишната програма на Библиотеката за 2025 година, меѓу другите проекти е предвидено и снимање на аудиокниги
Бидејќи 2025 година е јубилејна година за македонскиот стандарден јазик, Националната библиотека на Македонија
одлучи првата аудиокнига што ќе се снима да биде „За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков.
Во таа насока, Библиотеката објавува јавен повик до сите запишани студенти кои се запишани во првиот циклус на студии и се заинтересирани за улогата на наратор/глас, да испратат пријава со контакт информации на следната е-пошта:
kliment@nubsk.edu.mk
Пријавените кандидати ќе бидат повикани на аудиција во NUB Sound Studio.
Пријавите се примаат најдоцна до 14.09.2025.


